Економија, финансии, бизнис

Контакт

МВР: Ќе бидат преземени соодветни мерки за навредливите скандирања

МВР: Ќе бидат преземени соодветни мерки за навредливите скандирања

Голем број албански навивачи се собраа во Тетово за да ја прослават победата на нивната репрезентација, но прославата брзо стана скандалозна и провокативна.

Снимките што се појавија на социјалните мрежи покажуваат толпа како скандира „УЧК“, „каурски пи*ки“ и „Смрт за Србија“. Се верува дека во инцидентот се вклучени навивачките групи на тимови што се натпреваруваат во Првата лига на Македонија.

Полициски службеници беа на лице место и во врска со навредливите скандирања ќе бидат преземени соодветни мерки, информираат од Mинистерството за внатрешни работи.

- Засега е констaтирано дека вчера во периодот од 22:40 до 00:30 часот по завршување на фудбалскиот натпревар помеѓу Р.Србија и Р.Албанија, во Тетово и во Гостивар се зголеми бројот на граѓани на градските плоштади при што се зголеми и сообраќајната фреквенција по централните градски улици.

Движењето на граѓаните по улиците во Тетово и Гостивар како и движењето на возилата заврши без проблеми и во тој временски период во СВР Тетово не се пријавени инциденти или поплаки.


Слично

Поврзани вести