МВР: Кичевчанец прегазил мечка на автопат и ја усмртил
Министерството за внатрешни работи објави дека четириесет и три годишен возач од Кичево со својот автомобил удрил во мечка синоќа на автопатот Тетово-Скопје и ја усмртил.
-Ноќеска околу 2:20 часот, на автопатот Тетово-Скопје, во близина на месноста „Карпалак“, патничко моторно возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 43-годишниот Ф.О. од Кичево, удрило и усмртило мечка, информира портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски.
На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово, а констатирано е дека при инцидентот нема повредени патници.
Слично
