Економија, финансии, бизнис

Контакт

МВР: Ја заклучил сопругата и четирите деца во тоалет

МВР: Ја заклучил сопругата и четирите деца во тоалет

Жена на возраст од 31 година во МВР пријавила дека била насилно заклучувана во тоалетот од страна на нејзиниот сопруг во домот кај Бит Пазар во Скопје заедно со нејзините четири деца, по што била избркана од живеалиштето.

- На 02.04.2026 во 18:42 часотво СВР Скопје 31-годишна жена пријави дека во домот на подрачјето на Бит Пазар нејзиниот сопруг Љ.И.(35) ја заклучил во тоалетот, а по некое време и физички ја нападнал, по што ја избркал од домот. 

Според пријавеното и нивните четири малолетни деца ги заклучил во тоалетот. Љ.И. кажала дека и претходно била физички и психички малтретирана од него, но не пријавувала во полиција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави полицијата.


Слично

Поврзани вести