Економија, финансии, бизнис

Контакт

МВР ЈА РАСЧИСТИ МИСТЕРИЈАТА: Гостиварскиот обвинител бил нападнат приватно, поради сообраќајна кавга, а не при вршење должност

МВР ЈА РАСЧИСТИ МИСТЕРИЈАТА: Гостиварскиот обвинител бил нападнат приватно, поради сообраќајна кавга, а не при вршење должност

Министерството за внатрешни работи излезе со детали за обидот за убиство на јавен обвинител во гостиварското село Чегране, за кое претходно извести обвинителството.

Од извештајот може да се види дека обвинителот бил нападнат приватно, во кавга за сообраќај, а не при вршење на своја должност. 

„На 21.11.2021 во 06.10 часот од полициски службеници од Полициското одделение Чегране биле лишени од слобода Н.С.(40), неговиот малолетен син, двајцата од с.Чегране, гостиварско  и Б.Ф.(41) од с.Церово, тетовско, поради постоење основи на сомнение дека околу 05.30 часот во с.Чегране, по претходна расправија околу недоразбирање во сообраќајот, физички го нападнале и со остар предмет го повредиле Х.И.(39) од с.Форино, гостиварско. Х.И. бил пренесен во Општата болница „Ферид Мурат“ за укажување на лекарска помош“, соопштуваат од МВР.

Тројцата со кривична пријава во текот на денот ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка на Основен суд Гостивар. 

Слично

Поврзани вести