Економија, финансии, бизнис

Контакт

МВР: Ја претепал бабата и отишол во казино

МВР: Ја претепал бабата и отишол во казино

МВР информира дека вчеравечер во Битола во казино било уапсен лице кое претходно и нанел тешки телесни повреди на својата баба.

- На 17.01.2026 во 19:00 часот  во казино лоцирано на ул. „Партизанска" во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Т.Р. (28) од Битола поради сомнение дека физички ја нападнал неговата 79-годишна баба во семејниот дом во Битола, при што и нанел тешки телесни повреди, објави полицијата.

Од страна на екипа на Итна медицинска помош Битола, повредената била пренесена во Клиничка болница Битола. Во координација со јавен обвинител, против Т.Р. ќе биде поднесена кривична пријава.


Слично

Поврзани вести