МВР ја прегледал снимката на реисот Сулејман Реџепи, обвинителството отворило случај
МВР за телевизија Алфа потврди дека Секторот за компјутерски криминал ја прегледал базата на податоци, односно снимката објавена на реисот СУлејман Реџепи во која споменува „див народ без идентитет“ и целиот случај е процесуиран до надлежното обвинителство.
– ОЈО отвори случај по кривичната пријава за говор на омраза против поглаварот на ИВЗ Сулејман Реџепи. Предметот веќе е распределен кај надлежен јавен обвинител кој ги утврдува доказите, потврдиле од ОЈО за Алфа.
Пријавата до поглаварот на Исламската верска заедница ја поднесе Хелсиншкиот комитет за човекови права
Инаку премиерот Зоран Заев денеска се дистанцираше од било каква осуда за јавниот говор на Реџепи
- Влада нема намера да се меша во работата и делувањето на верските заедници, како што тие не се мешаат во работата на Владата. Тоа е работа на самата заедница - рече Заев денеска.
