МВР ја повлече потерницата, Сеад Кочан слободно може да се врати во Македонија!
Повлечена е потерницата по Сеад Кочан. Извори од МВР за тв 24 потврдуваат дека престанува потрагата по бизнисменот кој повеќе од два месеци беше во бегство, надвор од државата. Ова значи дека тој уште утре може во Македонија да се врати како слободен човек.
Денеска Врховниот суд потврди дека е донесена одлука за притворот на Кочан. Решението ќе биде објавено в понеделник. Не се знае на што се темели одлуката.
Кочан во Македонија се враќа, но сметките на неговите фирми се блокирани, а поголемиот дел од имотот замрзнат.
Сеад Кочан, сопственик на Трансмет и ТВ Нова е главен осомничен во случајот на СЈО „Труст” во кој се терети дека со фалсификувани документи наместил тендер од ЕЛЕМ во вредност од 17 милиони евра.
Слично
