МВР испраќа автобуси на ЈСП на технички преглед, скопјани чекаат превоз
Седум возила на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) утринава биле испратени на вонреден технички преглед од страна на полицијата.
Поради тоа дел од линиите се во прекин, а граѓаните кои го користат скопскиот јавен превоз се затекнати од сето тоа, објави ТВ21.
Во моментов нема одговор од МВР за тоа колку автобуси се испратени на принуден технички преглед, но се очекуваат детали за акцијата.
Претходно беше јавено дека станува збор з аповеќе автобуси но од ЈСП демантирале за телевизијата.
„Не станува збор за 60, туку за многу помалку возила испратени на технички преглед, а кои се дел од нашиот возен парк. Од утринава, па досега, 7 возила на ЈСП Скопје се испратени на вонреден технички преглед. Во меѓувреме, две возила од посочените веќе се вратени на линија. Станува збор за возила кои генерално ги опслужуваат приградските линии“, велат од ЈСП.
