МВР исклучувало само „приватњаци“, а ниту еден автобус на ЈСП
МВР вчера при контрола на градските автобуси кои превезуваат патници само во рамките на територијата на Град Скопје исклучило од сообраќај 14 автобуси, но ниту еден на ЈСП, туку сите биле на приватните здруженија „Макекспрес“ и „Слобода Превоз“ кои подлежат на истиот систем на наплата. Ова за „Мета“ го потврди Деспина Трајковска – Димова од ЈСП Скопје. Во акцијата воопшто на биле контролирани нивни автобуси.
Во контролата од 8 до 13 часот биле исконтролирани 49 автобуси и други возила кои вршат јавен превоз. Сите биле упатени на вонреден технички преглед, при што биле констатирани вкупно 16 неисправности или недостатоци.
Кај осум возила бил неисправен уредот за кочење, кај две уредот за управување, три имале неисправни светлосно-сигнални уреди, а едно неисправни останати уреди, додека две возила немале комплетна опрема.
Бројот на исклучени возила вчера во Скопје е повеќе од четири и пол пати поголем.
