Економија, финансии, бизнис

Контакт

МВР ГИ ДЕМНЕ ДИВИТЕ ТРКАЧИ МОТОЦИКЛИСТИ ВО СКОПЈЕ: Летаат казни и контроли

МВР ГИ ДЕМНЕ ДИВИТЕ ТРКАЧИ МОТОЦИКЛИСТИ ВО СКОПЈЕ: Летаат казни и контроли

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје продолжи со засилените сообраќајни контроли на подрачјето на Скопје со цел спречување на организирање и учество на диви трки на мотоциклисти на улиците „Џон Кенеди“, „Лазо Трповски“, „Втора Македонска бригада“, " Христијан Тодоровски Карпош",  "Цветан Димов",  "Митрополит Теодосиј Гологанов" и булеварите "Јане Сандански",  ''Партизански одреди" и "Србија".

Така и во текот на изминатата ноќ, односно во периодот од 19,00 до 01,00 часот на 09/10.05. беа извршени контроли и беа преземени 23 прекршочни мерки (управување на моторцикал со брзина поголема од дозволената, поминување на црвено светло и други прекршоци). Едно лице кое управувало моторцикал без возачка дозвола е приведено во Полициска станица "Кисела Вода", поради сомнение за сторен царински прекршок.

Како што МВР веќе информираше во текот на претходната акција (08/09.05) беа регистрирани 15 прекршоци.

Секторот за внатрешни работи Скопје ќе продолжи со спроведување редовни контроли за спречување на организирање и учество на диви трки на мотоциклисти во Скопје.


Слично

Поврзани вести