Економија, финансии, бизнис

Контакт

МВР И УЈП ВО АКЦИЈА: Затворени дуќани во Скопје, Тетово и Куманово

МВР И УЈП ВО АКЦИЈА: Затворени дуќани во Скопје, Тетово и Куманово
Инспектори на Управата за јавни приходи (УЈП) со полициска асистенција вчера започнаа голема акција за контрола на повеќе угостителски објекти и дуќани во скопските општини Сарај и Чаир, како и во Тетово и Куманово. Затворени се десетици објекти во Старата скопска чаршија и комплексот „Чаирчанка“ затоа што било утврдено дека во нив не се почитува забраната за пушење на јавни места, немале фискални апарати, а биле откриени и други пропусти во работата. И објектите во Тетово и Куманово се контролирале заради непочитување на законските прописи. Даночниците оцениле дека акцијата е од „висок ризик“, па побарале и полициска асистенција од МВР. Медиумите на албански јазик синоќа објавија дека граѓаните во овие места и сопствениците на дуќаните биле револтирани заради инспекциските контроли.
Слично

Поврзани вести