Економија, финансии, бизнис

Контакт

МВР и МНР за 150.000 евра наместија 15 базни станици за дијаспората побргу да вади лични документи

МВР и МНР за 150.000 евра наместија 15 базни станици за дијаспората побргу да вади лични документи

Министерството за надворешни работи и министерството за внатрешни работи објавија почеток на работатата на инсталирани 15 мобилни и фиксни базни станици во дипломатско-конзуларните преставништваза дијаспората побргу да вади лични документи.

Според министерот за надворешни работи Бујар Османи, отсуството на базните станици од ДКП-та беше голем проблем за граѓаните. Проектот со овие терминали ќе чини 150.000 евра, но според шефот на македонската дипломатија, инвестицијата ќе се исплати, бидејќи нема да се плаќаат дневници за мобилните екипи кои од Македонија се испраќаат четири пати годишно да ги приберат податоците од странство.

- Ни помогнаа и резултатите од пописот на дијаспората. Пописот ќе каже даке каде ќе бидат наместени. Одевме по принципот каде имаме најмногу граѓани - Берлин, Бон, Минхен, Торонто, Мелбурн. Една од бенефициите е што ќе има и штедење на финансии, затоа што сега нема да има испраќање на мобилни екипи. Нема да се чека шест месеци за патна исправа, туку ќе може да го добијат пасошот за шест недели, рече Османи.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели дека до сега еден од клучните проблеми било брзото одобрување на патни исправи за македонските државјани кои живеат и работат во странство.

- Ова прашање беше иницирано уште пред четири години. Беше потребно брзо и ефикасно остварување на уставните правата на граѓаните. Конечно денеска го ставаме во функција овој систем. 

Од таму ќе ги добиваме сите податоци за една патна исправа или документ да биде испратен на одобрување. Прв пат по независноста граѓаните во државата и граѓаните во дијаспората ќе имаат еднакви услови во издавањето на личните документи. 

Четири пати во годината оделе наши службеници  да ги приберат податоците, а сега тоа ќе се случува таму секојдневно, без правење на посебни планови и ќе се прават на ист начин како во Северна Македонија.

Ние како министерства превземавме повеќе активности да се реализира овој проект. Разговаравме и пред оваа средба. Треба да продолжи овој проект  се додека секое ДКП има своја базна станица и секој наш државјанин кој што жвее каде било во светот да има еднаков пристап во остварувањето на своите права. Рестрктивните мерки во пандемијата најдобро ни покажаа колку е потребно да се инсталира овој систем.

Кога доаѓаа на одмори ги вадеа личните документи и затоа имавме во јули и август најголем број на барања. Преку оваа услуга ќе ја зајакнеме врската на нашите граѓани со својата матична држќава, рече Спасовски и додаде дека упатството на користењето на 16-те базни станици, вклучувајќи ја и онаа во Македеонија, ќе биде усвоено на некоја од наредните владини седници


Слично

Поврзани вести