Економија, финансии, бизнис

Контакт

МВР го регистрирало случајот на Фрчковски и шамарот за еден од напаѓачите

МВР го регистрирало случајот на Фрчковски и шамарот за еден од напаѓачите

Вербалниот напад врз професорот Љубомир Фрчковски и шамарот кој тој му го удри на едно од момчињата кои го провоцираа е регистриран и од страна на МВР.

- Во врска со настанот од 03 -ти овој месец, кој што од страна на ректоратот на Универзитетот Св. “Кирил и Методиј“ во Скопје беше пријавен како физички напад врз професор, беше излезено на лице место при што е констатирано дека на  03.03. околу 14,15 часот на УКИМ, поточно на службениот паркинг кај Правниот факултет Јустинијан Први, на Љ.Ф. му пришле три НН машки лица облечени со качулки на главата. Тие му се обратиле со зборовите: “Како не ви е срам“ и додека му збореле едниот од нив го снимал со мобилен телефон. Во моментот кога им одговорил - зашто да му е срам - тој го удрил НН лицето кое му го поставил прашањето по што трите лица заминале во правец кон бул “Гоце Делчев“, стои во билтенот на МВР.

Овој инцидент наиде на жестоки реакции во јавноста, едни го бранат, а други го осудуваат Фрчковски за постапката. 

Инаку ова не е единствен инцидент во кој по тројца млади луѓе смислено одат да навредуваат и напаѓаат критичари на власта при што еден од нив го снима целото дејство. Нема потврда од МВР дека станува збор за смислена акција по нечија нарачка.

Слично

Поврзани вести