МВР ГО РАСЧИСТИ СЛУЧАЈОТ СО ОПОЖАРЕНИТЕ ВОЗИЛА И ОБЈЕКТ - кумановецот Ф.А. бил приведен и задржан во станица
Ноќеска после полноќ Полицијата го фатила 35 годишниот Ф.А. од Куманово, кој се сомничи дека опожари три возила и еден објект од Куманово, од кои едно возило беше на обвинителот Џелал Бајрами.
„Денеска (05.12.2024) во 01.10 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, по претходно добиени оперативни информации и координација на СВР Куманово со Одделот за криминалистичка полиција при Бирото за јавна безбедност и СВР Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.А.(35) од Куманово. Тој се сомничи дека на 02.12.2024 во Куманово опожарил три патнички моторни возила и еден деловен објект. Ф.А. бил приведен и задржан во Полициска станица Куманово и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава“, се вели во објавата од МВР до медиумите.
Кога му беше запалено возилото обвинителот Бајрами рече дека се надева дека во најскоро време ќе бидат пронајдени сторителот или сторителите. Како што посочи самиот, неговото приватното возило е целосно оштетено во пожарот.
- Пријавено е уште кога се случи настанот, од страна на соседите на кои во оваа прилика им се заблагодарам. Дојдена е противпожарната единица, припадници на полицијата. Изгаснат е пожарот, ништо не остана од возилото. На самото место излезе и дежурниот јавен обвинител, зедоа материјални докази за расветлување на настанот. Очекувам и се надевам дека брзо ќе се најдат сторителот или сторителите на оваа дело. Приватно е возилото, паркирано пред дворот од куќата пред влезната врата нема други штета, возилото целосно опожарено очекувам дека во најскоро време ќе бидат откриени лицето или лицата кои стојат зад настанот - изјави тогаш Бајрами.
