МВР го честита Илинден и повика да се почитува јавниот ред и мир
Oд Министерството за внатрешни работи на сите граѓани на Република Северна Македонија им го честитаат празникот Илинден и ги повикуваат достоинствено да го прослават овој ден, како што доликува на чествување на така значаен датум од нашата историја.
„Министерството апелира до граѓаните, особено оние што ќе присуствуваат на организираните прослави, да го почитуваат јавниот ред и мир. Полицијата, согласно законските обврски и надлежности, ригорозно ќе реагира на сите обиди за нарушување на јавниот ред и мир и сигурноста на граѓаните“, стои во соопштението од МВР.
Со начинот на кој ќе го прославиме овој голем ден, достоинствено и чесно да покажеме дека ја почитуваме историјата и ја сакаме сопствената татковина, се додава во соопштението.
