Економија, финансии, бизнис

Контакт

МВР ги спасува скопјани од моторџиска бучава

МВР ги спасува скопјани од моторџиска бучава

Скопскиот сектор на сообраќајната полиција направи рекордна контрола и привремено задржа 35 мотоцикли за контрола со што се очекува скопјани, особено оние кои живеат на прометните улици и булевари, да здивнат од непријатните звуци со висока фреквенција, особено затоа што се работи за возила со кои се органиизраат диви трки.

Полициски службеници контролата ја направиле од 14 часот до полноќ се посомневале во техничката исправност на мотоциклите, особено нивните издувни уреди кои создаваат голема бучавост.

Возачите на овие мотоцикли наедно направиле и 39 прекршоци и на самото место им се издадени 15 мадатни и 24 прекршочни налози за казна.

Слично

Поврзани вести