МВР ги следи огласите за издавање станови за Нова Година
Министерството за внатрешни работи го следи огласите за издавање станови за новогодишни забави, според најавите на министерот за внатрешни работо Оливер Спасовски во синоќешното телевизиско гостување.
- За празниците очекуваме некаков став од Комисијата за заразни болести, да видиме што ќе препорачаат во однос на проценката која ќе се направи проценка за ризик. Ние во МВР ги следиме посебно издавањето на објекти за прослава на празниците. И веќе имаме одредени сознанија, и сериозно ќе превземеме мерки, рече Спасовски.
Угостителските објакти во моментов работат само до 21.00 часот, а останува да се види дали работното време ќе биде променето за време на новогодишните празници.
Слично
