МВР ги промовираше возилата кои со вграден радар ќе мерат брзина во движење
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес пред јавноста покажа едно од новите специјализирани возила за мобилно мерење на брзината – најсовремени „Форд“ модели опремени со интегриран радарски систем, камери со висока резолуција и софтвер за моментално лоцирање и документирање на прекршоци.

Овие возила ќе патролираат низ државата во рамки на проектот „Безбеден град“ (Safe City)и ќе регистрираат возила кои се движат со поголема брзина од дозволената, без разлика дали станува збор за градска зона, регионален пат или автопат.
Мобилните радари од овој тип се користат во повеќе европски држави и се покажаа како исклучително ефикасни во намалување на сообраќајните прекршоци и сообраќајните несреќи.
Слично
