Економија, финансии, бизнис

Контакт

МВР ги приведе на разговор „чкембарите“ кои соблекоа гол Албанец од Шведска

МВР ги приведе на разговор „чкембарите“ кои соблекоа гол Албанец од Шведска

Битолската полиција објави дека е расчистен настанот со насилно одземање маица на лице во Битола на 28 август и дека ќе следува пријава против пет лица. Членови на навивачката група „Чкембари“ минатата недела на Широк Сокак му ја одзедоа маицата на Албанец од Шведска затоа што на истата имало испринтан орел. Против малолетниците ќе биде поднесена пријава за „предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа“.

- По преземени мерки и активности, СВР Битола го расчисти настанот со насилно одземање маица на лице од Шведска, со престој во Дебар, ги идентификуваше сторителите и изврши службени разговори со нив во полициска станица. Имено, по преземени мерки, полициските службеници ги идентификуваа сторителите, четворица 17-годишници и еден 14-годишник, сите од Битола. Со судска наредба, биле извршени претреси во нивните домови, а во службен разговор во полициска станица го признале делото.

Имено, на 28.08.2025 во 19:50 часот во СВР Битола, С.Х.Д.(32) од Шведска, со престој во Дебар, пријавил дека на улица „Широк сокак” во Битола, лицата му пристапиле и сакале да му ја соблечат маицата, која ја носел, а на која што имало исцртанo глава на орел од предната и задната страна. Според пријавеното, тој ја соблекол и им ја дал маицата откако увидел дека не може да се одбрани, објави МВР.
Минатата недела, според тогашниот полициски билтен, во СВР Битола С.Х.Д.(32) од Шведска, со моментален престој во Дебар, пријавил дека на улицата Широк сокак во Битола, му пристапиле неколку непознати  лица на возраст од околу 20 години кои што сакале да му ја соблечат маицата што ја носел а на која имало исцртани симболи на друга држава, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).

Слично

Поврзани вести