Економија, финансии, бизнис

Контакт

МВР фати дилери што шверцувале марихуана преку Охридско езеро

МВР фати дилери што шверцувале марихуана преку Охридско езеро

МВР нема милост за дилерите на марихуана и во нова акција уапси две лица од Македонија кои вршеле набавка од Албанија и потоа преку Охридското езеро ја шверцувале дрогата.

„По обезбедени докази од претходно реализиран случај во рамки на оваа истрага, во среда Единицата за недозволена трговија во координација со Јавниот обвинител од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција и СВР Охрид ги лиши од слобода лицата К.Х. (48) од Струга и С.А. (34) од Скопје, идентификувани како членови на меѓународната криминална група. Против двајцата, како и против двајца албански државјани С.А.Д. (43) и А.Ќ. (44) до ОЈО за гонење на организиран криминал е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело -“неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори’’ предвидено и казниво по член 215 став 3 од Кривичниот законик на Р.Македонија“, се вели во соопштението од МВР.

Врз основа на спроведена истрага утврдено е дека К.Х. заедно со С.А. во февруари годинава организирале набавка на 38.955 килограми марихуана од непознати лица од Албанија, по што К.Х. заедно со двајца албански државјани С.А.Д. и А.Ќ., двајцата од Поградец – Р. Албанија, организирале истата да биде пренесена од Албанија во Македонија по водите на Охридското Езеро.

Марихуаната била пренесена од страна на лицето А.Ќ. со моторен чамец и истата на брегот од езерото во близина на с.Калишта била превземена од лицето Ф.И. – член на оваа организирана група (кривично пријавен во февруари годинава во реализиран случај и заплена на 38.955 кг. марихуана) кој ја однел дрогата во неговата куќа во с.Калишта, со цел истата да му ја предаде на К.Х., а тој да ја продаде на лицето С.А, велат од МВР. 


Слично

Поврзани вести