MВР: Езерската полиција спаси две малолетни лица кои со кајак се превртеа во Охридско Езеро
Езерската полиција спаси две малолетни лица кои со кајак се превртеа во Охридско Езеро.
Во Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ денеска во 9.30 часот е пријавено дека во водите на Охридското Езеро, на плажата „Бафало бич“, се превртел кајак, сопственост на кајак клуб од Охрид во кој имало две малолетни лица.
Полициски службеници од Езерската полиција со пловен објект се упатиле на посоченото место и во водите на езерото, на околу 100 метри од плажата, забележани се двете малолетни лица кои на себе имале појаси за спасување. Тие со полицискиот чамец се префрлени во полициската станица, каде им е укажана прва помош.
Слично
