МВР: Едно лице почина, две тешко повредени во три сообраќајни несреќи
Министерството за внатрешни работи објави дека во текот на изминатото деноноќие се случиле повеќе сообраќајни незгоди, при што во едната има и жртва.
- На 25.01.2026 во 04:10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул. „Александар Македонски“, ул. „16 Македонска Бригада“ и ул. „Интернационални Бригади“ во Скопје, патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(45) од Скопје, излетало од коловозот.
Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје, каде што лекар констатирал смрт.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција во Судската медицина, а увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје - се посочува во нивната објава.
Воедно од МВР информираа дека уште еден возач излетал од патот, при што се здобил со тешки повреди.
- На 24.01.2026 во 15:43 часот во ОВР Кочани било пријавено дека на ул. „Маршал Тито“ во Кочани, патничко возило „фолксваген голф“ со кочански регистарски ознаки, управувано од А.П.(34) од с. Чешиново, излетало од коловозот. Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Кочани, по што по укажана лекарска помош бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. По наредба на јавен обвинител, извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Кочани - се појаснува во објавата.
Во текот на вчершаниот ден, сообраќајна незгода со тешки последици имало и во Гостивар, при што е повредена сопатничка од Албанија.
- Истиот ден, во 15:15 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на регионалниот пат Маврово – Дебар, кај Ростушки мост, се случила сообраќајна несреќа во која патничко моторно возило „фолксваген туран“ со албански национални ознаки, управувано од И.Т.(40) од Република Албанија, излетало од коловозот и се превртело. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката С.Т.(69) од Република Албанија, констатирани во Медицинскиот центар „Св. Еразмо“ во Охрид. Увид на местото на настанот извршила екипа од ОВР Гостивар - се наведува во нивната објава.
Фото: Принтскрин/Фејсбук/МВР
Слично
