Економија, финансии, бизнис

Контакт

„МВР Е ТУКА ДА ПОСТАПУВА“: Спасовски не отфрла можност за проширување на истрагата за убиството на Вања и Панче

„МВР Е ТУКА ДА ПОСТАПУВА“: Спасовски не отфрла можност за проширување на истрагата за убиството на Вања и Панче

Случајот со двојното убиство на 14 годишната Вања Ѓорчевска и 74 годишниот Панче Жежовски од аспект на Министерството за внатрешни работи е расчистен. Ова го посочи министерот Оливер Спасовски по презентацијата на проектот „Петарди не - безбедност пред се“ во Скопје одговарајќи на новинарско прашање дека уште вечерта кога беше уапсен првоосомничениот за двојното убиство, Љупчо Палевски случајот е решен, а две недели подоцна нема обвинение и пред неколку дена пристигна обудикцискиот извештај. 

- И тогаш кажав и сега повторувам дека случајот од аспект на Министерството за внатрешни работи е расчистен во целост, за сите други аспекти од истрагата ќе се обратите во Обвинителството и сите овие аспекти, којшто ве интересираат ќе ги добиете - рече Спасовски. 

Министерот е дециден дека  случајот е комплетиран од страна на министерството, но доколку се процени дека има потреба да се прошири истрагата и да се добијат други барања и насоки од страна на Обвинителство, во тој случај како што кажа Спасовски „МВР е тука да постапува“.

Слично

Поврзани вести