Економија, финансии, бизнис

Контакт

МВР е првото министерство кое ќе го презеде новата влада уште утре

МВР е првото министерство кое ќе го презеде новата влада уште утре

Новата влада на Зоран Заев првото министерство кое ќе го преземе е МВР и нема да чека многу бидејќи уште утре се очекува Оливер Спасовски да се врати на позицијата која претходно ја извршуваше во Пржинската влада. 

За таа цел Министерството за внатрешни работи вечерва испрати покана до медиумите за примопредавање на должноста на новиот министер, Оливер Спасовски. Новиот министер на функција ќе стапи во 9.30 часот, кога раководната палка ќе му ја отстапи техничкиот министер, Агим Нухиу, кој на чело на МВР дојде по изборите во декември.

Оваа институција беше бастион на претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ, а поранешната министерка Гордана Јанкулоска, во објавените разговори откри дека поставиле партиски штаб нарекувајќу го ВМРО-МВРО.

Министерството за внатрешни работи е клучно и во расчистување на крвавите настани од 27 април, каде е формирана работна група која ја испитува одговорноста на полицијата и раководните органи, како и улогата на директорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков.

Слично

Поврзани вести