Економија, финансии, бизнис

Контакт

МВР до ВМРО-ДПМНЕ: Забрането е блокирање автопати

МВР до ВМРО-ДПМНЕ: Забрането е блокирање автопати

Министерството за внатрешни работи им порача на организаторите на денешните блокади поради отпорот кон францускиот прелдог, дека блокирање на автопати е спротивно на законот. 

„Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека денеска (08.07.2022) во архивата на МВР е примен акт со кој политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, како организатор на протест, известува дека: „Во знак на протест ВМРО-ДПМНЕ организира блокади на улици на ден 8 јули (петок), во период од 13.00 до 14.00 часот“. Во известувањето се наведени маршрути, т.е. локации на блокадите и посочува лице за контакт со организаторот, што е дел од обврските на организаторот предвидени во член 3 од Законот за јавни собири. Истиот член предвидува во известувањето да бидат дадени и податоци и за „мерките што организаторот ги презел во врска со непречено организирање и одвивање на јавниот собир и податоците за организирање на редарската служба“.

За таа цел, Министерството за внатрешни работи изрази иницијатива за работна средба со контакт лицето наведено во актот, кое не одговори на поканата, ниту обезбеди своја замена или друг претставник во име на организаторот.

Од МВР додаваат дека јавен собир заради мирно изразување на мислење или протест може да се одржува на секое место кое е соодветно за таа намена, освен: до здравствени установи, до детски градинки и училипта и на автопатишта и магистрални патишта.

Министерството најавува дека ќе го прекине одржувањето на јавниот собир затоа што неговото одржување е во спротивност со меѓународните договори со кои е предвидена обврска за непречено одвивање на сообраќајот.

„Ова дотолку повеќе што во известувањето од страна на организаторот се најавени блокади на автопати и магистрални патишта, и тоа: пат кон Прилеп, патни правци од Радовиш кон Струмица и од Штип кон Велес, што е во спротивност со наведените законски обврски“, наведе МВР.


Слично

Поврзани вести