МВР: Директорка на училиште си ја вработила ќерката како предметен наставник
МВР поднесе кривична пријава против директорка на училиште во Виница, затоа што таму си ја вработила ќерката, иако таа немала соодветно образование. Пред половина година таа била вработена како предметен наставник.
- Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против Г.С.(45) од Виница, директорка во основно училиште во Виница, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.
На 27.01.2025 пријавената склучила договор за вработување со својата ќерка С.С., иако немала соодветно образование, на работно место предметен наставник по математика во основно училиште, нанесувајќи му штета на буџетот на училиштето на име исплата на плати во износ од 245.666 денари, објави министерството.
Слично
