Економија, финансии, бизнис

Контакт

МВР: Дилерите од Прилеп се следени од септември

МВР: Дилерите од Прилеп се следени од септември

Министерството за внатрешни работи информира дека се приведени шест лица за продажба на дрога по вчерашната акција на полицијата на територијата на Прилеп и дека истите ќе бидат предадени на јавен обвинител и изведени пред суд.

- Станува збор за криминална група која се бави продажба на дрога на територијата на Прилеп во акција подготвувана од септември 2020. Обезбедени се докази и приведени се шест лица, а претресени се 16 локации. Одземени се дрога, пари од дрогата, мобилни телефони и возила, рече Тони Ангеловски, портпаролот на МВР.

Тој рече дека ќе има и кривична одговорност за полициски службеници кои биле инволвирани во работата на криминалната група од Прилеп, но дека меѓу нив нема приведени. За истите, исто така, се обезбедени докази за инволвираност.

Слично

Поврзани вести