Економија, финансии, бизнис

Контакт

МВР: Депортираните лица во Македонија не се гонат кривично и се ослободени

МВР: Депортираните лица во Македонија не се гонат кривично и се ослободени

Петтемина македонски државјани кои италијанските власти ги депортираа со образложение дека ширеле радикален ислам и регрутирале џихадисти по информативниот разговор на надлежното министерство за внатрешни работи на Македонија се ослободени.

Од МВР за ФАКТОР велат дека веднаш по слетувањето на аеродромот е извршен разговор со нив и од страна на МВР е утврдено дека лицата се безопасни пришто се ослободени и им е овозможен влез во РМ.

Од МВР посочуваат дека не е во нивна надлежност да кажуваат какво кривично дело имаат направено тие лица во Италија, меѓутоа се ослободени бидејќи во Македонија не се гонат кривично и направиле ниту едно кривично дело за да се поведе некаква постапка против нив.

Како што соопштивме утринава петтмина македонски државјани меѓу кои четворица мажи и една жена се протерани од Италија.

Образложението на италијанските власти е ширење на радикален ислам и регрутирање на лица со цел да војуваат во кризните подрачја на Блискиот Исток.

Слично

Поврзани вести