Економија, финансии, бизнис

Контакт

МВР демантира дека Радоје Звицер добил македонски пасош

МВР демантира дека Радоје Звицер добил македонски пасош

Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира дезинформациите пласирани од  ВМРО-ДПМНЕ дека на извесен Радоје Звицер, му е издаден македонски пасош. 

„Потсетуваме и дека случајот „двојник“ е расчистен и за тоа веќе се изречени и судски пресуди, а сите патни исправи поврзани со оваа истрага се поништени во управна постапка и истите не се валидни односно не можат да се користат“, велат од МВР.

Aтентат врз српскиот претседател Александар Вучиќ подготвувал мафијаш кому министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски му даде пасош, обвинија претходно од ВМРО-ДПМНЕ. 

Слично

Поврзани вести