ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

МВР: Дејствуваме брзо за Арсовска - Не кажуваат дали ги провериле сомнежите на Тошковски за „напаѓачот-жртва“

МВР: Дејствуваме брзо за Арсовска - Не кажуваат дали ги провериле сомнежите на Тошковски за „напаѓачот-жртва“

Министерството за внатрешни работи, чиј шеф, Панче Тошковски во телевизиско интервју велеше дека треба да се види дали градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска била онаа која испровоцирала напад, односно прва го нападнала Сулејман Љамалари „Барути“, заедно со Агенцијата за национална безбедност увидело дека треба да и се определи 24 часовно обезбедување на Арсовска, па затоа ја донеле мерката.

„Министерството за внатрешни работи врз основа на оперативни сознанија и безбедносна проценка изготвена од Агенцијата за национална безбедност (АНБ), донесе одлука за определување 24-часовни мерки за обезбедување на градоначалничката на град Скопје, г-ѓа Данела Арсовска со цел да ѝ се обезбеди личната сигурност и непречено извршување на нејзините обврски“, велат од МВР за Фактор.

Од таму не одговорија на прашањето на Фактор, дали Министерството е на иста линија со Тошковски во однос за нападот врз градоначалничката на Скопје, ниту до каде се со истрагата, односно дали провериле, дали се точни ставовите на министерот за внатрешни работи.

„Министерството за внатрешни работи постапува согласно своите надлежности и професионалните стандарди. МВР професионално делува во секој поединечен случај, со целосна институционална транспарентност и во рамки на законски пропишаните овластувања. Во таа насока, експресно беа преземени мерки и активности и во врска со случајот за кој прашувате беше поднесена кривична пријава по брза постапка до надлежното Јавно обвинителство за понатамошна постапка“, ни одговорија од МВР.

Според неофицијалните информации до кои дојде Фактор, МВР се уште ги нема проверено наводите кои во јавноста ги изнесе Тошковски, дека е можно Арсовска да била вистинскиот напаѓач, а напаѓачот всушност бил жртвата.

Арсовска претходно во изјава за Фактор рече дека со месеци зборува за заканите кон неа, а МВР и даде обезбедување дури откако беше нападната во скопската општина Чаир.

А.Т.

ad
Слично

Поврзани вести