МВР ги лоцираше наводните „киднапери“ на деца од Македонија
Министерството за внатрешни работи на македонската јавност и порача да не подпаѓа под лажните вести со фотографии од киднапери, бидејќи по проверките, се утврдило дека тие се уапсени во Мексико и немаат никаква врска со Македонија.
„Во претходните неколку денови, поединци, со цел да предизвикаат паника, на социјалната мрежа Фејсбук шират фотографија од две лица кои наводно киднапирале деца во Македонија. Министерството за внатрешни ја известува јавноста дека по извршени проверки е утврдено дека станува збор за случај во Мексико, кој нема никаква врска со Република Македонија. https://voznoticias.wordpress.com/…/supuestos-robachicos-…/…
Овие две лица се приведени во Мексико во август 2018 година поради сомнение за киднапирање.“, објави МВР на својот профил на Фејсбук.
