МВР: Бодибилдерот Мирко починал дома, телото на обдукција
МВР денес излезе со одредени детали за смртта на еден од најпознатите македонски бодибилдери и фитнес тренери Мирко Петровски (47). Тој почина вчера, а за неговата смрт единствено информираа инфлуенсерите на социјалните мрежи.
Според соопштението на МВРО, Мирко вчера во 09 часот и 15 минути бил пронајден починат во својот дом. Пријава пристигнала и во полицијата.
„На 06.03.2024 во 09.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот на подрачје на Кисела Вода бил пронајден починат М.П.(47) од Скопје“, информираат од МВР.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство.
„По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција“, додаваат од македонската полиција.
Петровски зад себе ги остави сопругата Светлана и деветгодишниот син.
Слично
