МВР: Битолчанецoт со нож се заканувал на државјанин на Австралија на „Широк сокак“
Битолчанец со нож се заканувал на државјанин на Австралија на „Широк сокак“ во Битола. Детали за видеото кое се појави денеска објави полицијата.
М.Ш. (36), полицијата го уапсила на улицата ‘Свети Кирил и Методиј‘ во Битола.
„Претходно, пред угостителски објект на улицата ‘Широк сокак‘ со остар предмет се заканувал кон 41-годишен државјанин на Австралија“, се вели во полициското соопштение.
Против осомничениот ќе биде поднесена кривична пријава за загрозување на сигурноста со опасно орудие при тепачка или караница.
Слично
