Економија, финансии, бизнис

Контакт

„МВР БАРАШЕ ОД ГРАДОТ ДА БРОИ ПЕШАЦИ КОИ ГО ПОМИНУВААТ БУЛЕВАРОТ ВО ОВОЈ ДЕЛ“. Се огласи Наумоски за вчерашната несреќа, кога повторно беа прегазени пешаци на Партизанска

„МВР БАРАШЕ ОД ГРАДОТ ДА БРОИ ПЕШАЦИ КОИ ГО ПОМИНУВААТ БУЛЕВАРОТ ВО ОВОЈ ДЕЛ“. Се огласи Наумоски за вчерашната несреќа, кога повторно беа прегазени пешаци на Партизанска

Граѓанскиот активист, Никола Наумовски, кој беѓе поставен за шеф на кабинетот на тогашниот градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов и кој важи за познавач на градските проблеми, како поранешен вработен во градот, се огласи за пешачките на Партизанска, по вчерашниот инцидент кога повторно имаше несреќен случај, поточно кога беа прегазени пешаци на истата улица.

„Кога работев во Град Скопје, овој последен несемафоризиран пешачки премин на Партизанска беше предмет на расправии со Сообраќајната Полиција. Бидејќи тие ги одобруваат сите сообраќајни проекти (и измени) во Скопје, тие бараа од Градот да го аргументира барањето за семафори со броење на пешаците кои го поминуваат булеварот во овој дел, колку од нив се деца, возрасни и сл. Иако и од двете страни на булеварот има основни школи и станбени згради, тие бараа начин како да го одложат, или искомплицираат поставувањето на семафори.

Оттогаш се поминати четири-пет години и се случија барем две сообраќајки со смртни последици точно на овој пешачки премин. Ги повикувам новинарите да ја најдат кореспонденцијата на Градот и Полицијата за да видат што пишува таму и кои се причините што МВР не сака побезбедни улици. А и да се види кои полицајци со име и презиме не дозволиле пешачки семафори на така брза и небезбедна делница.

Улицата Лондонска две години стоеше реконструирана, а необележана, зашто паметните глави во полицијата упорно одбиваа решенија со велосипедска патека да дозволат. Откако дојде Данела и дозволија да го измени проектот и да нацрта (изменета, но нефункционална) велосипедска патека“, напиша тој.


Слично

Поврзани вести