МВР апсеше за време на полициски час: Во станица сите кои давале отпор
Полицијата ги уапсила сите 18 лица кои давале отпор и се однесувале агресивно синоќа додека биле сопрени за време додека траел полицискиот час од 21.00 до 06.00 часот. Не сакале да си одат дома и заработиле кривични пријави. Генерално, се работи за прекршители кои биле затекнати во локали. Приведени се 18 лица, а 74 лица добиле опомена поради непочитување на препораките и мерките на територијата на целата земја.
Скопјани биле дисциплинирани и немало никој од главниот град што го прекршил правилото на полицискиот час. Во Кочани уапсени се дури шест лица. Пет лица се од Тетово и околината, по две од Гостивар, Куманово и Радовиш и едно лице од Штип.
Инаку направени се контроли во 1674 локали. Регистрирани се 488 влеза и 546 излези од земјата. Уапсени се и двајца косовски државјани во обид нелегално да ја поминат границата.
