МВР апелира да се заштитите: Нов уценувачки софтвер напаѓа преку интернет
Од крајот на минатиот месец (27.06.) клучните инфраструктурни и бизнис-системи се цел на нов бран на уценувачки софтвер, кој е ажурирана верзија на Petya. Нападот предизвика инфекции низ целиот свет и сè уште не е сопрен. Веднаш по првите пријавени инфекции, Европол воспостави итна координативна ќелија и во моментов врши надзор над ширењето на уценувачкиот софтвер. Во близок контакт сме со органите за спроведување на законот од инфицираните земји и клучните индустриски партнери со цел да го оцениме влијанието на нападот, да ги координираме дејствата и да ги здружиме силите. Во оваа фаза, сè уште не е можно да се каже колку жртви биле инфицирани.
Ова го соопштуваат од министерството за внатрешни работи откаде ја пренесоа и изјавата на Извршниот директор на Европол, Роб Вејнрајт.
„Ова е
уште еден сериозен напад од уценувачки софтвер, иако бројот на жртви сè уште не
е познат. Има очигледни сличности со нападот WannaCry, но исто така постојат
показатели и за пософистицирана способност за напад, која цели кон неколку
ранливи места. Ова јасно покажува колку брзо се развива компјутерскиот криминал
и уште еднаш ги потсетува бизнисите за тоа колку е важно да се преземат
одговорни мерки за компјутерска безбедност“.
Како функционира? И покрај тоа што
постои уште од 2016 г., уценувачкиот софтвер Petya се разликува од типичните
уценувачки софтвери бидејќи тој не врши само енкрипција на документи, туку и пишува
врз master boot записот (MBR).[1]
Ова ја прави машината неупотреблива и ги спречува корисниците да повлечат
информации. За разлика од претходниот инцидент со Wannacry, овој напад не
вклучува никаква kill switch опција. Што треба да се направи? Доколку сте
инфицирани: 1. Не плаќајте. Не само
што ќе финансирате криминалци, туку и најверојатно нема да добиете повторно
пристап до вашите документи. Ова е особено точно во случајот на Petya, бидејќи
е-адресата која се користи за справување со барањата за откуп е блокирана, со
што се оневозможува пристап на напаѓачите до единствениот комуникациски канал
кој е познат во моментот. 2.
Известете ја локалната полиција. Проверете дали чувате копија од е-пораката за фишинг примена од напаѓачите и
предадете ја на полицијата. 3. Исклучете го инцифираниот уред од интернет. Доколку инфицираниот уред е дел од мрежа,
обидете се да го изолирате што е можно побрзо, со цел да спречите инфекцијата да
се прошири кон другите машини. Потоа може да го форматирате хард дискот, да го
преинсталирате оперативниот систем и апликациите, да ги инсталирате достапните
ажурирања и на крај, да ги вратите заклучените документи од уредот за заштитни
копии (back-up). Доколку не
сте инфицирани: 1.
Ажурирајте ги сите апликации и
оперативниот систем, а
проверете и дали сте ги инсталирале сите мајкрософт лепенки
(patch) кога ќе бидат достапни. Доколку уредот понуди опција за автоматско
ажурирање, прифатете ја. 2. Направете заштитна копија (back-up) на вашите податоци. Дури и доколку сте погодени од
уценувачки софтвер, лесно можете да си ги вратите документите. Најдобро е да
направите две заштитни копии (back-up): едната која ќе биде чувана во клауд
системи, а другата физичка копија. 3. Користете силни безбедносни производи за заштита на системот од сите овие
закани, каде спаѓа и уценувачкиот софтвер. 4.
Не користете профили со високи привилегии (профили со администраторски права) за
секојдневна работа. 5.
Не кликајте на прилози или линкови што ги придружуваат
сомнителните или неочекувани е-пораки, дури и доколку изгледа дека доаѓаат од
доверлива страна, како што е банка или интернет продавница. Не верувајте
никому.
