Економија, финансии, бизнис

Контакт

МВР: 47 возачи вчера возеле пребрзо, четворица поминале на црвено светло

МВР: 47 возачи вчера возеле пребрзо, четворица поминале на црвено светло

75 возила кренале пајк службите во текот на вчерашниот ден на територија на град Скопје, покажува полицискиот билтен.

МВР вчера регистрирала 13 сообраќајни незгоди од кои шест со телесни повреди и седум со материјална штета а осум лица поминале со лесни повреди.

Санкции добиле 47 возачи поради преголема брзина од дозволеното додека деветтмина без да имаат право. 

Тројца возачи биле под дејство на алкохол а 11 возила се се исклучени од сообраќај бидејќи 10 биле нерегистрирани, две технички неисправни и едно со претовар.

И покрај апелите да се вози внимателно и да се почитуваат дообраќајните правила и прописи, вчера четворица возачи се санкционирани бидејќи поминале крстосница на црвено светло.

Казна добиле и двајца пешаци кои поминувале надвор од пешачки премин а 5 поминале на црвено светло.

Слично

Поврзани вести