Економија, финансии, бизнис

Контакт

Музичко-балетскиот центар „Илија Николовски – Луј“ се реконструира

Музичко-балетскиот центар „Илија Николовски – Луј“ се реконструира

Реконструкција и адаптација на просторот во Државниот музичко – балетски училиштен центар „Илија Николовски – Луј“, започна министерството за образование и наука.

Ќе се реконструира простор од 500 метри квадратни за период од три месеци со кој ќе се добијат девет звучно изолирани кабинети за индивидуална настава, како и две училници за теоретска настава. Вредноста на инвестицијата е 5.415.612,00 денари.

Со реконструкцијата и адаптацијата на просторот, според ресорното Министерство, ќе се реши долгогодишниот проблем на учениците и наставниците во поглед на изведувањето на наставата.

Во Музичко-балетскиот училишен центар настава следат околу 1.900 ученици.

Слично

Поврзани вести