Музичарите кои пееја синоќа не се добредојдени во Канада и Австралија
Нашите иселеници во Австралија и Канада реагираат против музичарите кои настапија на прославата за поканата од НАТО, па се повикува на бојкот на нивните настапи.
Претседателот на Светски Македонски Конгрес Канада, Боби Темелков, на својот Фејсбук профил вчера објави јавно предупредување до музичките менаџери, со кое порача дека музичарите не се добредојдени на настапи во Канада.
„Немој ни случајно некој од Канадските музички менаџери да помисли да донесе во Канада некој од овие групи или пејачи! Лично ќе се погрижам настапите да бидат бојкотирани од мнозинството на Македонската заедница во Канада!“ – порача тој.
Прослава имаше во 15 градови синоќа на државен трошок.

Слично
