Економија, финансии, бизнис

Контакт

МУВЛА И РЃА НАСЕКАДЕ, ИЗГНИЕНО ДРВО - Еве како изгледа некогаш популарната бања Кежовица

МУВЛА И РЃА НАСЕКАДЕ, ИЗГНИЕНО ДРВО - Еве како изгледа некогаш популарната бања Кежовица

Состојбата во која се наоѓа бањата Кежовица во Штип, според сликите кои ги објави политичката партија „Левица“ е полошо од очајна. 

Како што навестува и насловот на нивниот пост, бањата се распаѓа, и изгледа навистина загрижувачки. Дополнително од Левица укажуваат дека поради неспособните локални и здравствени менаџери, одделот за физикална терапија во Бања „Кежовица“ e со санитарно-технички недостатоци, нехигиена, со мирис на мувла, изгниено дрво и р`ѓа. 

- Во овие околности се нуди физикална терапија и рехабилитација за жителите од источниот регион на Македонија, со што се принудени лекувањето да им се одвива во руиниран здравствен објект кој наликува на болница од Втората светска војна, при што може да се загрози здравјето на граѓаните.

Физикалната терапија во штипската бања е наменета да им служи на 200.000 жители за превентивно ублажување на болести и лекување на спортски повреди, хронични невролошки и ревматoлошки заболувања и многу други состојби во кои секое движење е нов предизвик - дополнуваат во објавата.

Меѓу другото се осврнуваат и историски кој се бил надлежен за нејзино реконструирање, но и самите истакнуваат дека со години ништо не е сменето, поправено, ниту санирано во некогашниот популарен објект. 

Фото: Принтскрин/Фејсбук

Слично

Поврзани вести