Економија, финансии, бизнис

Контакт

МУВЛА, ДУПНАТИ ТАВАНИ, РАЗРУШЕНИ ЅИДОВИ - матичната служба во Ѓорче Петров во очајна состојба (ВИДЕО)

МУВЛА, ДУПНАТИ ТАВАНИ, РАЗРУШЕНИ ЅИДОВИ - матичната служба во Ѓорче Петров во очајна состојба (ВИДЕО)

Мувла, распаднати ѕидови, дупки во таванот... Во очајна ситуација се наоѓаат канцелариите на матичната служба во Ѓорче Петров. 

На социјалната мрежа „Х“ или поранешен „Твитер“ се споделува видео од објектот во кој се сместени матичните служби. 


Видеото покажува дека условите за работа за вработените во матичната служба се очајни. 


Објавата поттикна бројни коментари, меѓу кои имаше такви кои ги поддржуваат вработените, но и такви кои ги критикуваат што остануваат во овие страшни услови. 

Забелешка на дел од коментаторите е дека слични „ужасни“ услови има и во други државни институции, и дека за се се наоѓаат пари, освен за основните потреби. 

Фото: Принтскрин/Х

Слично

Поврзани вести