МУСТАФА ШЕНТОП: Турција е најдобар пример за необјективните критериуми на ЕУ, чекаме од 1963 година
Мустафа Шенто, претседател на Големото турско народно Собрание, смета дека Европскта унија има тешкотии во примената на објективни критериуми за прием на државите, а како што вели, Турција за тоа е најдобар пример. Сепак, за влезот на земјава во ЕУ, тој е оптимист.
„Мислам дека ЕУ има тешкотии во примената на објективни и валидни критериуми, насекаде и под сите услови. Турција е најдобриот пример за тоа. Ние сме аплиирале од 1963 година, и се уште продолжува кандидатскиот статус на Турција. Меѓутоа, после Турција аплицираа многу земји и за многу краток временски период влегоа во ЕУ. Причината за ова, се разбира, неможе да се објасни со објективни критериуми и гледишта. Пристапот на ЕУ е различен, поради големината на анселението на Турција, различната култура и религија. .. Македонија доживеа нешто слично порад некои противења. Но, од аспект на Македонија мислам дека овие процеси се привремени и можат да се решат“, изјави Шентоп во интервју за Телевизија 24..
