Муслиу ќе бара правна разрешница за инсталирањето камери во неговиот дом
Алберт Муслиу најави дека ќе бара правна разрешница во врска со вчерашното сведочење на Александар Василевски Нинџа, кој како обвинет за упадот во Собранието на 27 април изнесе тврдење дека тој и УБК инсталирале камери во домот на аналитичарот за да го следат додека траело објавувањето на „бомбите“.
„Во секој случај чувството е вознемирувачко. Но ова исто така зборува за апсолутната крајна забеганост на органите од претходниот режим. Но, во секој случај ова е информација која ми дава за право оваа работа да ја истерам до крај и да барам персонална сатисфакција во врска со сето тоа“, изјави Муслиу за „Цивил“.
Самиот Нинџа призна дека УБК без дозвола ги инсталирало камерите на приватен имот на аналитичарот без негово знаење. Муслиу живее во Гостивар.
