Муслиманите го слават Курбан Бајрам
Верниците од муслиманската веросиповед денеска го слават празникот Курбан Бајрам.
Со утринската молитва сабах-намаз, а потоа и со молитвата бајрам-намаз почнува тридневна прослава, во која почитта кон Алах муслиманите ја искажуваат со колење курбан.
Хуманизмот, хармоничните односи меѓу луѓето, меѓу човекот и светот и стремежот кон мир и благосостојба, како основни принципи на Исламот, на Бајрам се исполнуваат со посетување на роднините и пријателите и со честитки и добри желби за секој намерник.
Со овој празник се крунисува аџилакот, кој важи за петти темел на исламот, кој е доказ за солидарност и благосостојба.
Премиерот Зоран Заев, по повод верскиот празник Курбан Бајрам што го празнуваат верниците со исламска вероисповест, утре ќе присуствува на утринската молитва, Бајрам намаз, во Мустафа-пашината џамија во Скопје.Денеска е неработен ден за муслиманите.
Слично
