МУРТЕЗАНИ ЗА ЗНАМ: Нема тензии во владата, додека нивниот претседател често дава контрадикторни изјави
Орхан Муртезани од „Вреди“ со најголема одговорност тврди дека во Владата и во институционалната комуникација нема искри меѓу ЗНАМ и „Вреди“. Муртезани утрово во Дејли Клик на ТВ21 вели дека ЗНАМ користи националистичка реторика за медиумско внимание.
„Нема тензии во владата, додека нивниот претседател често дава контрадикторни изјави во јавното мислење. Ова го оценивме како обид да се прикрие недостатокот на медиумско внимание со напади врз Албанците“, изјави Муртезани.
Муртезани вели дека Максим Димитриевски со оваа реторика оневозможува во иднина да го поддржи на локалните избори во Куманово.
Слично
