Економија, финансии, бизнис

Контакт

Муртезани: За здравјето на оваа држава и нејзиниот претседател е добро повеќе да не гледаат српски соништа

Муртезани: За здравјето на оваа држава и нејзиниот претседател е добро повеќе да не гледаат српски соништа

Не стивнуваат реакциите во земјава, по посетата на косовскиот премиер Албин Курти во Чаир и Тетово од пред некој ден, каде се вееше знамето на Голема Албанија. 

Орхан Муртезани од партијата Алтернатива порача дека ако има некој Македонец кој верува дека Албанците некогаш некаде ќе ја отпеат „Денес над Македонија се раѓа“, тој има сериозни проблеми со перцепцијата на реалноста.

„Додека оваа држава не ја разбира мултиетничката реалност – туку инсистира на моноетнички македонски државни симболи, тоа никогаш нема да се случи“, рече Муртезани.

Тој додаде дека претседателот Стево Пендаровски е албанофоб затоа што го нападнал косовскиот премиер Албин Курти.

„Пендаровски сака да им покаже на Димитар Апасиев и на албанофобните македонски националисти дека е лојален кон нив и, конечно, но најважно, тој преку оваа реакција како да сакаше да му докаже и на Александар Вучиќ дека е подготвен да го повторува својот рефрен секогаш кога тој ќе искаже антиалбански пораки. Како и да е, за здравјето на оваа држава и нејзиниот претседател е добро повеќе да не гледаат српски соништа, бидејќи тоа сериозно му штети на удобноста и мирот на Балканот“, рече Муртезани.

За време на настанот на кој улицата Втора македонска ударна бригада беше преименувана во Адем Демачи присутен беше Курти, а беа прекршени закони и протоколи за пречек на странски гости, односно не беше интонирана македонската химна, а наместо македонско знаме, се вееја само албански знамиња, како и знамето на т.н. „Голема Албанија“. Претседателот Пендаровски побара одговорност од организаторите на тој и настанот во Тетово. 

фото Фејсбук/ Орхан Муртезани

Слично

Поврзани вести