МУРТЕЗАНИ: Ако Таравари јавно кокетира со Ахмети, го доведува во прашање целото функционирање на Владата
Орхан Муртезани, министер за европски прашања и претставник на коалицијата Вреди вечерва изјави дека Арбен Таравари од Алијансата на Албанците кокетирал со ДУИ.
„Ако Таравари јавно кокетира со Ахмети, и тоа не го крие, го доведува во прашање целото функционирање на Владата, зашто какво ќе биде тоа ако тој има врски со ДУИ. Ова создава загриженост и треба да се расчисти“, изјави министерот.
Во вечерашното интервју во „Топ тема“ на ТВ Телма, Муртезани рече дека кога ја формирале коалицијата Вреди, главната премиса им била „да се создаде антипод на Демократската унија за интеграција кој требаше да се бори против режимот инсталиран од ДУИ со криминал и корупција“.
Алијанса на Албанците на локалните избори оди сама со свои кандидати.
фото принтскрин
