Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мурали изработени од прогресивни уметници ширум светот ќе ги красат фасадите на зградите во Скопје

Мурали изработени од прогресивни уметници ширум светот ќе ги красат фасадите на зградите во Скопје

На десетина згради во Скопје до крајот на годинава ќе никнат мурали (мурал-Слика нацртана директно на ѕид) од неколку прогресивни уметници од Европа, Азија, Северна и Јужна Америка.

Во моментов муралистот кој доаѓа од  југозападна Франција изработува мурал на зградата над Билната аптека, во центарот на Скопје. 


Со 1.250.000 денари град Скопје го поддржа проектот на Младинскиот културен центар (МКЦ) за изработка на повеќе мурали на фасадите на зградите во централното и поширокото градско подрачје.

Векс Ван Хилик кој е роден во 1988 година, во југозападна Франција почнува да слика уште од најрана возраст и почетна инспирација наоѓа во природата околу него, во флората и фауната. 


Секој мурал налсикан од Хилик наликува на ода посветена на фантазијата, како таинствен прозорец кон неговите сништа и илузии, каде што секоја сцена и лик се префинета мешавина на невиност и мрачност.

Слично

Поврзани вести