Муниција и прибор за чистење оружје откриени во Тетовско
Во куќа во тетовското село Џепчиште полицијата вчера при претрес открила повеќе парчиња муниција и прибор за чистење оружје.
Во 16 часот полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово, по наредба за претрес од Основен Суд-Тетово, извршиле претрес во домот на А. С. (61) во село Џепчиште, при што пронајдени и одземени се 94 парчиња муниција 7,9 калибар мм, осум парчиња муниција калибар 9мм и четири куршуми за гасен пиштол, футрола за пиштол и прибор за чистење оружје.
Лицето А.С. е лишено од слобода, а по целосното расчитување и документирање ќе следи соодветен поднесок.
Слично
