Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мукоски, Василевски и Чавков излегуваат од Шутка

Мукоски, Василевски и Чавков излегуваат од Шутка

Пратениците Крсто Мукоски, Сашо Василевски, и поранешниот директор на БЈБ, Митко Чавков, како и Митко Пешев, Душко Лазаров, Горан Ѓошевски,  Оливер Поповски и Мунир Пепиќ сите вработени во МВР излегуваат од притвор.

Нив мерката притвор им се заменува со мерка куќен притвор.

Ова е одлука на Врховниот суд по нивните жалби на одлуките за притвор од Кривичниот и Апелациониот суд. 

На пратениците Љупчо Димовски и Јохан Тарчуловски им се укинува мерката куќен притвор и се заменува со мерки на претпазливост.

Тоа важи и за оперскиот пеач, Игор Дурловски  и Елена Божиновска. Тие ќе треба  да се јавуваат еднаш неделно во Основниот суд на чија територија имаат живеалиште.

Во притвор остануваат членовите на патриотското здружение од Велес, Горанче Анѓелов и Илија Славевски.

Осомничемите З.С., В.Т. и В.М.  остануваат во притвор.

За осомничените Сашо Марковски, М.М. и С.М. мерката куќен притвор останува.

Слично

Поврзани вести